Жителите на Демир Хисар се загрижени за својата безбедност како и за безбедноста на нивните деца, бидејќи во психијатриската болница нема обезбедување и осудени штитеници прават што сакаат без да има никакво обезбедување кое ќе ги контролира и ќе ги обезбедува да не прават проблеми на жителите на Демир Хисар.
Страв ми е, сами да ги пуштам моите деца да си играат надвор зошто подолго време во психијатриската болница нема обезбедување, до сега имаше неколку инциденти ај ние сме повозрасни некако ќе се справиме со нив, но нашите деца тешко дека ќе искочат на крај со некој проблематичен штитеник ако му направи проблем, ги замолувам властите да го решат овој проблем додека не се случил некој посериозен инцидент и некој не дај боже го изгуби животот вели еден жител на Демир Хисар за Лидер
Нечовечки услови за пациентите во Психијатриската болница во Демир Хисар, згрижениците оставени без грижа а вработените без елементарни услови за работа – се жалат за Лидер, луѓе вработени во болницата.
Како што велат, поради тоа што управата и Министерството се грижат повеќе за партиските интереси отколку за условите на згрижениците, болницата е оставена да пропаѓа.
-Во психијатриската болница нема обезбедување, кое е неопходно затоа што си имаме работа со пациенти кои со најтешки случаи на психички болести, а има и осуденици кои поради својата психичка ситуација не можат да лежат во затвор туку мора да лежат во болницата во Демир Хисар. Нема средства за чистење и слични работи неопходни за секојдневно нормално функционирање на болницата. Сето тоа се случува поради раскинување на договори со фирми кои нуделе поповолни услови од оние кои се појавувале на тендерите, но не биле по воља на владејачката СДСМ. – вели за Лидер, извор од Болницата.
Вработените велат дека дополнителен проблем е што медицинскиот персонал л зема плата под стандарди за специјални болници.
Оставени без обезбедување – поништен тендер за Агенција за обезбедување, нема ни кој да чисти
Во Психијатриска болница Демир Хисар од први јануари годинава нема агенција за обезбедување. Спореддпроцедурите кои се спроведувале до сега секоја година во декември месец се распишува тендер за Агенција за обезбедување. Тендерот за 2018 година тенедерот го доби Агенцијата „Гарда“ која била и претходно ангажирана во оваа болница, но, како што брифира изворот на Лидер, поради партиски интереси тендерот бил поништен.
– На јавното надавање, поради најповолната понуда повторно беше избрана Агенцијата „Гарда“, но претходно во четри очи било пазарено оди во рацете на пријател на претседателот на СДСМ во Демир Хисар, Никола Поповски. Токму по ингеренции на Поповски, управниот одбор на Болницата ја поништи целата тендерска постапка со образложение дека Болницата нема потреба од агенција за обезбедување. Во период од 6 месеци неможе да се распише нов тендер, а поминуваат веќе четири месеци без обезбедување. – вели нашиот извор.
Поради оваа ингеренција од партиска природа, како што дознаваме, сега судското оделение во кое лежат и неколкукратни убијци е оставено целосно без обезбедување па осудениците може да претставуваат и опасност за околината.
Пироман се шета слободно, глуми дека е луд
Скандалите со Психијатриската болница во Демир Хисар не прекинуваат тука. Во Болницата пред скоро една недела било примено лице кое има извршено кривично дело предизвикување на пожар во кафуле во Прилеп. лицето е донесено по партиска наредба и за истото се чека решение од суд.
Но, како што брифираат нашите извори, пироманот е во отворенто одделение каде има слобода. Идејата на оние кои го сместиле таму е тој наместо да биде во затвор, да биде хоспитализиран во болницата, а судот да донесие решение дека има психички проблем.
-Најтрагично во целиот случај е тоа што нискиот медицински персонал сестри и болничари земаат плата под сите стандарди за специјални болници. Болничарите и сестрите воопшто не се внесени во систем на дежурства, туку се евидентирани како работа во ноќна смена и за тоа добиваат 150 денари од дежурство, за разлика од нив докторите за истие работни саати се платени многу големи суми. – вели нашиот извор.