Македонија 05. декември 2018. / 13:58

Столтенберг: Пофалби за Македонија, зелено светло и за БиХ

Столтенберг: Пофалби за Македонија, зелено светло и за БиХ

Македонија доби пофалби за напредокот со имплементацијата на договорот за името, а БиХ зелено светло за активирање на Акциониот план за членство (МАП) на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.

Програмата МАП предвидува советување, помош и практична поддршка за прилагодување на индивидуалните потреби на земјите кои сакаат да се приклучат на НАТО.

На почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се осврна на состојбата во Западен Балкан.Тој рече дека стабилноста и сигурноста на Западен Балкан е од големо значење за НАТО.

Западен Балкан е од клучно значење за НАТО и ние имаме силни врски со сите земји во регионот. Го поздравуваме напредокот кој е постигнат во Скопје на имплементацијата на договорот за името. Се радувам дека ќе ги дочекаме како 30-та членка на НАТО откако ќе бидат завршени процедурите во земјата. Босна и Херцеговина е ценет партнер во мисиите на НАТО и ние целосно ја поддржуваме нивната евроатланска интеграција. Србија останува ценет партнер, НАТО ги поддржува преговорите кои под закрила на ЕУ се водат меѓу Белград и Приштина. Тоа е круцијално за регионалниот мир и сигурност, изјави Столтенберг.