Македонија 04. април 2019. / 09:36

Столтенберг од Вашингтон: Оваа година со ваша помош Северна Македонија ќе стане членка на НАТО

Столтенберг од Вашингтон: Оваа година со ваша помош Северна Македонија ќе стане членка на НАТО

Сега мораме да ги надминеме разликите, бидејќи во иднина Алијансата ќе ни треба уште повеќе. Се соочуваме со предизвици без преседан – предизвици со кои ниту една нација не може да се соочи сама “, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во американскиот Конгрес, на заеднички состанок на Претставничкиот дом и Сенатот.

Тој предупреди за заканата од Русија, но додаде дека западната клучна воена алијанса нема намера да почне нова Студена војна со Москва, туку сака да спречи воена агресија.

-Северноатлантската организација нема намера да распореди копнени нуклеарни проектили во Европа“, кажа Столтенберг, обвинувајќи ја Русија за прекршување на Договорот за ликвидарење на ракетите со среден дострел, од кој САД најавија дека се повлекуваат поради руското прекршување.

Столтенберг го искористи својот говор кој беше по повод 70-годишнината од формирањето на НАТО да спомене дека ова е  најуспешен сојуз во историјата.

НАТО е добро за Европа, но НАТО исто така е добро за САД.

Силата на една нација не се мери само според големината на нејзината економија, ниту по бројот на нејзините војници, туку и по бројот на пријателите,. И преку НАТО, САД имаат повеќе пријатели и сојузници од која било друга сила. Ова ги направи САД посилни, побезбедни и посигурни, рече Столтенберг.

Членовите на Конгресот, неколкупати го прекинуваа говорот на Столтенберг со овации, а со аплауз беше дочекана и веста дека Северна Македонија ќе стане 30 членка на Алијанста.

Вратата на НАТО останува отворена. Оваа година, Северна Македонија го потпиша пристапниот протокол и со ваша помош, Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на нашата Алијанса, рече Столтенберг.

Столтенберг e првиот генерален секретар на НАТО кој се обратил пред во американскиот Конгрес. Тој зборуваше на покана на претседателката Ненси Пелоси која на почетокот на годинава предводеше делегација на демократи – конгресмени во Брисел за да ги убеди евроспките партнери дека трансатлантските врски остануваат силни, и покрај оценката на Трамп дека се работи за „застарена“ организација.

Со обраќањето на Столтенберг пред конгресмени и сенатори, се реафирмираше американската заложба за НАТО – и се потврди поддршката која Алијансата ја ужива и кај републиканците и демократите.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Мајк Помпео на гала вечерата во Вашингтон по повод одбележувањето 70 години од формирањето на Северноатлантската алијанса, објави дека Стејт департментот и официјално ги достави до Сенатот на САД сите потребни документи за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.