Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг заедно со амбасадорите на сите земји членки на Алијансата претпладнево со највисоки државни и воени почести е пречекан пред платото пред Владата на Република Северна Македонија по што се очекува да има средба со премиерот Зоран Заев.
Предвидена е и заедничка прес-конференција на премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО која ќе се одржи по завршување на работниот дел на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада.
Во текот на денот, Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.
Столтенберг во Северна Македонја пристигна вчера попладне, а вчерта присуствуваше на прием во Собрнието што го организираше собранискиот спикер Талат Џафери.
Фото: 1ТВ