Македонија 09. ноември 2020. / 15:00

Стојаноски: Покачувањето на плата на уставните судии преку додаток на плата е незаконски и ништовно

Стојаноски: Покачувањето на плата на уставните судии преку додаток на плата е незаконски и ништовно

Покачувањето на плата на уставните судии преку додаток на плата од цела 1/3 е незаконски и ништовно, но и крајно неморално во услови кога цела држава кубури со пари, заболените од Ковид немаат средства за лекување и затоа умираат, а илјадници родители немаат пари да им купат лап топ компјутери на своите деца за да ја следат наставата, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Секое покачување на плата на уставните судии мора да оди преку Собранието, тоа не може да се случи на ниту еден друг начин, оттука нивната одлука е незаконска и со тоа ништовна, а го повикуваме Министерството за финансии да не се осудува да ја почитува оваа одлука, бидејќи истото ќе стори и кривично дело, ако тоа го направи. Доколку пак е извршена било каква исплата по оваа основа, бараме парите веднаш да се вратат!, рече Стојаноски.

Тој дода дека Собранието е заобиколено, никој друг не смее да биде законодавец освен Собранието. Овој преседан мора да запре.

Не знаеме од што се мотивирани уставните судии на едно вакво дејствие, но ако истото е само да му се удоволи на Заев, кој можеби и ветил поголема плата на Кацарска,треба да знаат дека времето на безаконие во Македонија нема да трае вечно, и за секое противправно дејствие некогаш ќе има одговорност. Уште полош е што еден ваков безобразен чин доаѓа во време кога пола милион граѓани живеат со под 130 денари на ден, а илјадници родители немаат пари да им купат лап топ компјутери на своите деца за да ја следат наставата онлајн, потенцира Стојаноски.

Покачувањето не само што е незаконски, рече тој и додаде дека е и неморално, и затоа уставните судии треба и да и се извинат на јавноста.