Додека се празнува најголемиот христијански празник, Христово Воскресение, се поставува прашањето дали воведената вонредна состојба е во насока на ефикасна борба против Ковид-19 и дали истата ги дава очекуваните резултати? Праша Синиша Стојаноски, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, на што упатуваат многубројните апели на здравствените работници на социјалните мрежи дека недостасуваат средства за основна заштита? Повеќе од очигледно е дека многумина од нив се обидуваат самостојно да се снабдат со она што е неопходно потребно за да се заштитат како себе си, така и своите пациенти. Зошто е тоа така? Зошто и покрај вонредната состојба, медицинскиот персонал е воглавно оставен самостојно да се грижи за набавка на лична заштитна опрема?, напиша Стојаноски.