Организација Кондараденауер послужи како понтонски мост за да можат овие две партии , кои што се совпаѓаат во идеологијата, десничарската, конзервативната, да можат да остварат одредено почетно ниво на соработка. Јас сметам дека тоа е соработка со многу голем потенцијал, заради тоа што пред се ние се наоѓаме во десничарските вредности за економијата, за слободниот пазар и пред се слободата на индивидуалецот, без разлика каов е, што е , на која националност припаѓа, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за можната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците на локални избори следната година која што убедливо би победила.
Тој во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат рече дека една таква можна коалиција е со потенцијал која што сигурно во наредните локални избори кои што ќе се одржат во 2021 година, убедливо би победила во Тетово, во Гостивар во Струга, во Охрид, во Гази Баба, во Бутел, во Куманово, во градот Скопје и уште во неколку други општини.
„Ние велиме дека има добра појдовна основа да се разговара за потенцијална коалиција. Се совпаѓаме за неколку прашања, како што кажав таа е во организација која што почива во постулатите на германската ЦДУ на германската канцеларка, Меркел. Тоа значи дека оваа потенцијална коалиција, со сигурност би победила во Тетово, во Гостивар, во Струга, во Охрид, во Гази Баба, во Бутел, во Куманово, во градот Скопје и уште во неколку други општини.“, рече Стојаноски.