Македонија 03. ноември 2020. / 22:17

Стојанче Ангелов ќе раководи со Центарот за управување со кризи

Стојанче Ангелов ќе раководи со Центарот за управување со кризи

Стојанче Ангелов ќе раководи со Центарот за управување со кризи.

Владата на денешната седнца донесе повеќе одлуки за именувања директори и в.д. директори во јавните претпријатија и институции.

Во рамките на ваквите активности прифатена е оставката на Агрон Буџаку од должноста директор на Центарот за управување со кризи. Воедно, за в.д. директор на Центарот, Владата го именува Стојанче Ангелов, кој за таа цел е разрешен од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани.

Миле Сугарев e разрешен од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување, а за нов в.д. директор да се именува Стево Крстевски, кој доаѓа од општинскиот комитет на СДСМ во Велес.

Според владиното соопштение, прифатена е оставката на Аднан Џафероски од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а на негово место доаѓа Беким Максути, поранешен заменик министер за одбрана од ДУИ.