Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше на немирите кои вчера се случија во Вевчани откако полицијата интервенираше и го растур карневалот.
Тој вели дека нема оправдување Зоран Заев да молчи за фештите кои што ги правеле функционерите на СДСМ во Штип, но да ја поддржува полициската акција во Вевчани.
-Вчера Заев вчера удри по својот народ. Не држи вода никакво оправдување да тепаш маскирани учесници во карневал, особено не во Вевчанскиот карневал, а да молчиш за фештите кои што ги правеа функционерите на СДСМ во Штип, на забавите среде Скопје во локалите на луѓе блиски до власта, за роденденските прослави во институциите, за десетици други примери на прекршувања и на собири, вели Стоилковски.
Стоилковски исто така смета дека ниту окупаторите не би го стоиле истото.
-Дека и гори на власта под нозе, и гори, ама ваква бруталност не може да ги покрие сите срамни политики и криминали на Заев и камарилата покрај него. Народот гледа како се подготвува насилен попис надвор од сите европски стандарди, народот гледа какви концесии се подготвуваат да исплати Заев кон Бугарија, народот гледа како се тргува со историјата и идентитетот и срамното прекинување на Вевчанскиот карневал нема да го покрие тоа. Напротив ова уште една капка во преполнетата чаша, изјави Стоилковски.
Заев за бруталноста во Вевчани ќе сноси одговорност затоа што го прави тоа кое што ниту една турска, бугарска, српска или комунистичка власт не го направила во Вевчани, додаде тој.