Зоран Заев е човекот кој го урниса, го погази и го врати во неповрат митот за државотворноста на социјалдемократите во Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски за Радио Лидер за време на преносот на антивладините протести.
Според Стоилковски, тоа беше голем мит којшто ја држеше оваа партија, тоа беше митот којшто во криза СДСМ се повикуваше на него.
– Бранко Црвенковски снимаше спотови во кои раскажуваше како му рекле зошто секое племе во Европа треба да има своја држава. Да речеме, Киро Глигоров кој ја има книшката број 1 во СДСМ, наречен „стариот лисец“ својата книга ја нарече „Македонија е сѐ што имаме“. Зоран Заев успеа сето тоа, сите овие три децении на СДСМ, но и на претходниците, Комунистичката партија на Македонија од кои што произлегоа, дури и оние борци ако земеме наназад за Втората светска војна, успеа да ги збрише сите нивни придобивки и градењето на мит дека се луѓе кои се грижат за Република Македонија, изјави Стоилковски за Радио Лидер.
Тој вели дека не е така и додава дека СДСМ прејдоа во една улуга која што е само продавачка и ништо повеќе од трговија.