Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот фејсбук профил му се обрати на портпаротол на СДСМ, Костадин Костадинов:
„Коста, ТОНЧ! Те предизвикувам Костадин Костадинов сега јавно да прашаш што бара Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на партиски состаноци на СДСМ, по општински одбори и во централа?
Доста е веќе оправдување на заевизмите и партизацијата преку лажни вести, како фотографии извадени од пред цела година.
Јасно е дека заевизмот сета полиција ја направи како „одбор“ со членски книшки, а тоа Зоран Заев и сам го кажуваше на состаноците, како командирите на полиција биле со книшки.
Не заборавај Костадине дека за се’ има и документи и видеа!“, напиша Стоилковски.
Наспроти ваквите прекршувања на прописите, во Законот за внатрешни работи, во членот 168 стои:
Работник во министерството не смее да основа, да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут.