Македонија 10. август 2019. / 18:30

Стоилковски до Костадинов: Си ги вработи мајка си и двете тетки, тоа не е непотизам?

Стоилковски до Костадинов: Си ги вработи мајка си и двете тетки, тоа не е непотизам?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на својот Фејсбук профил му одговори на Коста Костадинов, портпарол на СДСМ со кого се видел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но исто така му постави и прашање дали не е непотизам фамилијарното вработување кое Костадинов го направил за своето семејство.

-Koста Костадинов јас ќе ти кажам со кого се видел Мицкоски.
Се видел со Катица Јанева кога го уценуваше со смрзнатиот партиски имот за поддршка на закон за неа,
Се видел и со Зоран Заев на лидерска кога лажеше за да го продаде идентитетот да му тече рекетот, напиша Стоилковски. Тој исто така го праша Костадинов дали не е непотизам тоа што тој си ја вработил Мајка си во Централен Регистар, едната тетка во Болница, а другата тетка во Центар во Скопје?