Македонија 30. јуни 2020. / 13:49

Сто пациенти на кислородна поддршка во ГОБ „8 септември“: 18 хоспитализирани денеска

Сто пациенти на кислородна поддршка во ГОБ „8 септември“: 18 хоспитализирани денеска

Само во последното деноноќие во ГОБ „8 Септември“ се примени 18 нови пациенти заразени со корона вирусот, а според директорот на болницата, д-р. Христијан Костов, тие се донесени во најтешка, животозагрозувачка состојба. За Фактор вели дека веднаш по приемот на некое од одделенијата во Ковид-центарот, ваквите пациенти веднаш ги ставаат на кислородна поддршка или на респиратор, објави Фактор.

-Ги носат со сатурација од 30 до 40, односно тоа е концентрација на кислород во крвта, што значи дека практично не можат да дојдат во воздух. Досега огромен број од колегите апелираа, а еве јас и денеска повторно ќе порачам дека граѓаните не смеат дома да се лекуваат одреден период и да чекаат да бидат донесени кога е предоцна. Од вкупниот број пациенти 100 се на кислородна поддршка, а 17 се на респиратор, вели д-р. Костов

Нагласува дека во моментов има 140 хоспитализирани пациенти, со што ГОБ „8 Септември“ претставува најголем Ковид-центар во Македонија, каде повеќе од 3 и пол месеци здравствените работници и останатиот персонал деноноќно се во битката за спасување животи.

-Би можел да кажам дека имаме капацитет за уште 100 болнички кревети, но персоналот е на крај на силите. Имаме засилување и од останатите медицински центри од земјава, но тие се кај нас само две недели, а за тој период едвај може да се снајдат низ болничките ходници. Апелирам да бидат распоредени барем еден месец, за да може кадарот да се одмори, вели директорот на ГОБ „8 Септември“.