Македонија 06. мај 2019. / 09:38

Стево Пендаровски ја однесе победата со 58.499 гласа разлика

Стево Пендаровски ја однесе победата со 58.499 гласа разлика

Стево Пендаровски ќе биде петти претседател на Македонија, откако со значителна предност ја победи својата конкурентка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од изборите.

Според официјаните податоци од ДИК, од обработени 100% на гласовите, Пендаровски освои 436.212 гласови, а за Силјановска гласале 377.713 граѓани. Поточно, Пендаровски ја однесе победата со 58.499 гласови повеќе.

Во проценти, за Пендаровски гласале 51,66 од избирачите, а за неговата противкандидатка 44,73%. Бројот на неважечки ливчиња пак изнесува 30.442 или 3,61%.