Стево Пендаровски е кандидат на СДСМ и на коалициските партнери, решило раководството на владејачката партија.
Пендаровски од почетокот важеше за еден од посериозните кандидати, кој имаше подршка и во партијата и меѓу граѓаните, но и кај албанските партии и странскиот фактор.
Сепак, во изминативе две недели во прв план беа Никола Димитров и Оливер Спасовски, но Пендаровски сепак беше меѓу фаворитите. Пендаровски доаѓа од позицијата Национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО.