Македонија 02. ноември 2019. / 19:34

Стејт Департментот предупредува: Најмалку 156 македонски државјани се приклучиле на терористички групи

Стејт Департментот предупредува: Најмалку 156 македонски државјани се приклучиле на терористички групи

Американскиот Стејт Департмент вчера објави изештај за тероризмот во светот, а во документот пишува и дека Македонија соработува со САД во напорите за борбата против тероризмот.

Во документот исто така стои дека најмалку 156 државјани на Македонија се приклучиле на терористички групи во Сирија и Ирак, од кои 35 биле убени, околу 38 останале таму, а 83 се вратиле во својата земја.

Најголемата терористичка закана со која се соочува Северна Македонија е враќањето на борците од странските боишта и потенцијалот за радикализација и насилство, стои во во извештајот на американскиот стејт Департмент.

Во август Северна Македонија ги врати во татковината и ги притвори за истрага седум нејзини државјани кои беа држени во притвор од Сириските демократски сили, станувајќи една од првите земји која успешно го направи тоа и постави пример за остатокот од светот кој треба да го следи, се додава во извештајот.