Македонија 16. септември 2019. / 13:53

Стефанова од СЈО се враќа во Радовиш

Стефанова од СЈО се враќа во Радовиш

Обвинителката Лиле Стефанова, која во СЈО дојде од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, нема да се врати таму каде сега шефица е Вилма Русковска, туку во обвинителството во Радовиш, каде претходно работела. Тоа е одлучено на денешната седница на Советот на јавни обвинители.

Во однос на јавниот обвинител Лиле Стефанова е донесена одлука за престанок на мандатот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со оглед дека во однос на неа и изминал мандатот од 4 години кој е утврден со датум односно нејзиниот мандат во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и престанал на 15 мај 2018 година – изјави претседателот на Советот, Ацо Колевски.

Останатите обвинители, ќе се вратат во обвинителствата каде работеа пред да се префрлат во СЈО. Најмногу од нив ќе завршат во скопското обвинителство: Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Бурим Рустеми, пак, ќе биде обвинител во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во Гостивар, Љубомир Лапе во Куманово, а Стевно Донев во Кочани.