Обвинителката Лиле Стефанова даде негативно мислење по барањето на Орце Камчев за времен пасош. Информацијата за Канал 5 ја потврдиле од обвинителството од каде велат дека мислењето веќе е доставено до Кривичниот суд кој треба да се произнесе.
Камчев е осомничен во случајот „Империја“ а времениот пасош кој претходно го доби со одобрение од екс специјалната обвинителка Катица Јанева му истече во петокот.
Минатата недела тој повторно достави барање за нов времен пасош во траење од една година. Освен него, таква патна исправа бараше и Цветан Панделевски кој исто така е осомничен во ,,Империја”, но и за него обвинителката Стефанова исто така дала негативно мислење.