На рочиштето за случајот „Рекет“, адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчоска, ја праша Лиле Стефанова дали во некои од случаите што ги водела вратила пасош, на што таа одговори потврдно.
– Сум давала наредба за враќање на пасоши ако за тоа постоеле законски предуслови – објасни Стефанова.
На прашањето дали за Едмонд Темелко бил вратен пасошот, Стефанова нагласи дека таа го напишала барањето, а Јанева го одобрила.
Судијката не дозволи Стефанова да одговори дали Темелко има двоен пасош затоа што тоа не било важно за овој случај.