Македонија 31. март 2020. / 09:22

Статистиката за бројот на новозаболени наместо до 12 ќе се прави до 15 часот

Статистиката за бројот на новозаболени наместо до 12 ќе се прави до 15 часот

Институтот за јавно здравје од денеска ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15 часот, по што Министерството за здравство ќе испрати информација до медиумите.

Од Министерството за здравство информираат дека е зголемен обемот на работа и информации и е сè поголем бројот на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до ИЈЗ.

Прес-конференциите остануваат да се одвиваат на редовна основа за сите дополнителни информации и прашања од страна на медиумите. Нашата служба за Односи со јавност е максимално посветена да одговори на секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина – посочуваат од Министерството за здравство.