Заради алармантното загадување на воздухот во Тетово, Куманово и Кавадарци два дена последователно, стапуваат во сила посебни мерки за овие градови.
Сите лица од Тетово, Кавадарци и Куманово кои се постари од 60 години, како и бремените жени, лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар се ослободуваат од работни обврски поради надминат праг на ПМ10 честичките и зголеменото аерозагадување.
Ова го соопшти Министерството за животна средина, а заедно со Министерството за здравство препорачуваат и реорганизација на работното време, а лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.
Владата да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и општините да ја намалат (до 50 проценти) употребата на службените возила и да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.