За само две години земјава бележи пад од 12 места на рангирањето што го прави Блумберг, а кое покажува колку нациите во светот се здрави.
Во 2017 година нашата земја имала 44 индексни поени, а сега 56. Од земјите во регионот за две години Србија се качува два индексни поени нагоре, Хрватска четири, а Албанија дури 7 места нагоре. Црна Гора е на исто ниво.
Индексот ги рангира нациите врз основа на повеќе варијабли, меѓу кои и животен век, употребата на тутун, дебелината, пристапот со чиста вода и канализација, квалитетот на примарната здравствена заштита.
Најдобро рангирана односно земја со најздрава нација за 2019 година е Шпанија, а во рангирањето се вклучени 169 земји.
Поранешниот министер за здравство Арбер Таравари, вели дека колку нацијата е здрава зависи од тоа каков е здравствениот систем особено превентивата.
– За две години очекувавме барем да стагнираме или да одиме некој индексен поен нагоре. Но драстичниот пад надолу покажува колку се погрешни здравствените политики што ги води актуелната власт. Чуда и драстично подобрување не може да има за две години, но треба да стануваме се полоши. – вели Таравари.