Македонија 22. јануари 2019. / 10:30

Српските медиуми голтнаа лажна вест од Миленко: Иванов е во домашен притвор!

Српските медиуми голтнаа лажна вест од Миленко: Иванов е во домашен притвор!

Српскиот дневен весник „Информер” во своето денешно издание проголта лажна вест сервирана од некогаш популарниот македонски ТВ водител, Миленко Неделковски.

Во текстот под насловот „Државен удар во Македонија – претседателот Иванов во домашен притвор: Заев глуми премиер, власта ја презеде амбасадата на САД”, српскиот весник повикувајќи се на изјава на Неделковски тврди дека Иванов е во домашен притвор, опколен од полициски специјалци кои наводно го држеле во заложништво.

Неделковски е уште пошокантен во својата изјава, па вели дека Иванов не смеел да прима ниту новинари.

-Потребно е да се земе предвид дека околу резиденцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов е распореден службен специјален полициски одред, кој е директно подреден под премиерот Зоран Заев. Тоа значи дека претседателот е во таен куќен притвор. Не може слободно да комуницира преку телефон, бидејќи неговиот број се прислушкува, приемот на посетители е ограничен и нема право да прима новинари. Овој вид на државен удар трае веќе цели две години. – вели Неделковски за Информер.

Инаку, кабинетот на Иванов не е опколен од полициски сили и тој не се наоѓа во никаков домашен притвор. Информер, кој е еден од најчитаните дневни весници во соседна Србија, очигледно проголтал лажна вест.

Целата лажна вест на Информер, можете да ја прочитате ТУКА.