Македонија 03. декември 2020. / 16:56

Средношколците повикуваат на протест и бојкот на наставата: На 11-ти декември пред МОН, не за државна матура!

Средношколците повикуваат на протест и бојкот на наставата: На 11-ти декември пред МОН, не за државна матура!

Министерката Мила Царовска не ги испочитува барањата на средношколците, па и покрај барањата таа нагласи дека Матурата е задолжителна и ќе се спроведе во законскиот рок. На ова средношколците возвратија со најава за протест, но и бојкотирање на наставата.

Не секој од нас има можност да ја следи онлајн-наставата, поради немање на доволно средства, велат средношколците. Тие што ја следат исто така, кога ја следат, кога не, губење на самиот систем, недоволно добар интернет или пак воопшто да нема интернет, потенцираат тие.

Но, исто така велат и дека самата платформа не работи и сѐ уште се јавуваат проблеми и едноставно е нефункционална.

– “Microsoft teams” исто така е недоволно функционална апликација, која честопати не ни ја отвара, не можеме да се вклучиме на часовите и не само ние, туку и самите професори ни кажуваат дека не успеале во вклучувањето, велат средношколците.

Покажуваат разочараност од онлајн часовите бидејќи велат дека се нереални и несфатливи, а и како што велат, колку повеќе се трудиме да го совладаме материјалот, толку повеќе се ни станува несфатливо и нејасно.

– Ние сме првата генерација која го имаше екстерното тестирање, кембрич наставата, сега и полагање на матура. Доколку збориме за факти, можеме да наброиме уште милиони други, но мислам дека е доволно за да разберете дека укинувањето на матурата го бараме не затоа што не сме способни да научиме, туку поради новонастанатата паднемија која НЕ Е НАША ВИНА!, потенцираат средношколците и токму затоа повикуваат на протест.

Тие повикуваат на мирен протест и велат дека немаат ништо против протектната задача.

Исто така средношколците во помалите градови најавија бојкот на наставата во помалите градови.