Македонија 16. февруари 2021. / 09:55

Средба Османи – Силва: Португалија одлучна за заокружување на европската агенда на Македонија и Западен Балкан

Средба Османи – Силва: Португалија одлучна за заокружување на европската агенда на Македонија и Западен Балкан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на негово барање, оствари видео средба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ, на која покрај билатералните односи, тема на разговор беше и европското досие на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, фокусот бил ставен на можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година.

Министерот Османи, се посочува, ја поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската унија за европската агенда на Република Македонија и Западен Балкан.