Македонија 01. август 2018. / 19:56

(Видео) Средба на Мицкоски со Палмер: Власта направи грешка при формулирањето на референдумското прашање

(Видео) Средба на Мицкоски со Палмер: Власта направи грешка при формулирањето на референдумското прашање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната средба со заменикот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, обвини дека е неодговорно и антидемократски што власта се одлучила на чекор да го заобиколи компромисот и одбила да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање.

„Со таквото однесување се нарушуваат демократските процеси, а од една одговорна влада се очекува соработка и принципиелен дијалог за толку чувствително прашање“, истакна Мицкоски.

 

На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Македонија стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешнополитички план ѝ се членството во НАТО и ЕУ и развојoт на односите со САД.

Соговорниците се согласија дека процесот на евро-атлантска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување стабилност во регионот.