Претседателот на Собранието, Талат Џафери на средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ги охрабри да продолжат со бескомпромисната борба против корупцијата, затоа што, како што нагласи Џафери, тоа е предуслов за создавање успешна, демократска и правна држава.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска во име на Комисијата на Џафери му ја предаде Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси (2020 – 2024) со Акционен план за нејзино спроведување.
Како што информираше Кабинетот на претседателот на Собранието, за Националната стратегија парламентарниот состав ќе расправа веднаш штом за тоа бидат исполнети предвидените услови со Деловникот.