Пред почетокот на Самитот на Европската Народна Партија во Загреб, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.
Остварив средба со лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша. Разменивме искуства, размислувања и погледи за иднината на нашите земји и регионот. Пред нас имаме тешка задача за надминување на предизвиците и обнова која треба да донесе поубав живот на сите граѓани, напиша Мицкоски на Фејсбук.