Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и делегација на партијата остварија средба со Ангелина Ајкхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција и Џеновева Руиз Калавера, директор на генерален директорат за добрососедски односи и проширување и Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија во Република Македонија.
–Со соговорниците разговаравме за сите актуелни политички реформи, за криминалот и корупцијата и нискиот степен на реализација на реформите и катастрофалните политики на Владата предводена од Зоран Заев, објави Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.
Соговорниците се согласија дека клучен непосреден приоритет и интерес на Република Македонија е започнување на пристапните преговори што е можно побрзо како и понатамошна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со високите европските претставници.