Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски денеска остварија средба со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.
На средбата се разговароло за актуелната политичка состојба во државата, стратешките цели на Македонија, нашата европперспектива, претстојните парламентарни избори и проблемите со кои се соочува нашата државата на патот кон Унијата.
Мицкоски на средбата истакнал дека приоритет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде остварувањето на стратешката цел и сонот на многу генерации, а тоа е членството во Европската Унија. Посочив дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и план како државата да ја стави на брзата трака за членство во Унијата и притоа да ги спроведе клучните реформи за остварување на оваа цел.
Заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски / Timco Mucunski и советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски денеска остваривме средба со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Оливер Вархеји.
На средбата разговаравме за актуелната политичка состојба во државата, стратешките цели на Македонија, нашата европерспектива, претстојните парламентарни избори и проблемите со кои се соочува нашата држава на патот кон Унијата.
Истакнав дека приоритет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде остварувањето на стратешката цел и сонот на многу генерации, а тоа е членството во Европската Унија. Посочив дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и план како државата да ја стави на брзата трака за членство во Унијата и притоа да ги спроведе клучните реформи за остварување на оваа цел.
Потенцирав дека Владата предводена од СДСМ доживеа неуспех на полето на реформите и доближување на државата до европскиот стандард. Напоменав дека клучен проблем со кој се соочува Република Македонија е криминалот и корупцијата кои се најистакнати во највисоките ешалони од власта и дека до ден денес голем број на корупциски афери немаат правна разрешница, што пак се аргумент за оние кои се противат на проширувањето на Унијата.
На Вархеји му се заблагодарив за поддршката која ја дава за членството на Република Македонија во Европската Унија и нејзиното проширување, притоа додадов дека патот кон просперитетен и успшен регион води преку Брисел и членството во Европската Унија.
Што се однесува на предвремените парламентарни избори,се согласивме дека демократскиот и фер изборен циклус на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја е клучен за иднината на нашата држава и како и за нашата европерспектива, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.