Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со претседателот на Косово, Хашим Тачи.
„На средбата соговорниците се осврнаа на повеќе прашања кои се од билатерално и регионално прашање. Мицкоски и Тачи ја афирмираа потребата од понатамошен развој на добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Косово“, соопштија од партијата.
Од таму додаваат дека соговорниците се осврнале и на актуелната политичка состојба во Република Македонија. Мицкоски ги повторил ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со потпишаниот Договор со Република Грција и нагласил дека партијата не може да поддржи договор со таква содржина.