Македонија 04. декември 2018. / 18:30

Средба Катругалос –Димитров во Брисел

Средба Катругалос –Димитров во Брисел

Катругалос го известил Столтенберг за изјавите од Заев за Македонско малцинство и јазикот.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по средбата со македонскиот министер Никола Димитров, порача дека имале „суштинска дискусија“ за Преспанскиот Договор и за изјавата на премиерот Зоран Заев за јазикот и македонското малцинство.

Катругалос посочи дека го отворил прашањето за контроверзната изјава на Заев и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на денешниот состанок на министри за надворешни на Алијансата.

-Имавме суштинска дискусија со македонскиот министер за надворешни, двајцата се согласивме дека проблематичните изјави предизвикуваат сомнеж за вистинското значење на Преспанскиот Договор и дека треба да се избегнуваат, токму затоа што двете земји инсистираат на верно почитување на духот и писмото на Договорот кој е од бенефит за двете страни, изјави Катругалос.

Го отворивме и тоа прашање, а Столтенберг ме информираше и за техничкиот процес што следи, бидејќи сите се надеваме на ратификација во двете земји.