Македонија 19. јули 2019. / 18:09

Средба Дескоска-Брнз: Законот за Јавно обвинителство клучен предизвик

Средба Дескоска-Брнз: Законот за Јавно обвинителство клучен предизвик

Министерката за правда Рената Дескоска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз.

Министерката Дескоска ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Брнз и изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка која Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави.

Во поглед на реформската агенда на Министерството за правда, Дескоска ја информираше амбасадорката Брнз за досегашните активности и одблизу ја запозна со донесените закони, но и со клучниот предизвик кој претстои на патот на интеграција на државата во Европската Унија.

Дескоска истакна дека во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство, кој наредната седмица ќе биде испратен во собраниска процедура, и дека овој закон претставува клучен предизвик во работата на Министерството за правда.

Амбасадорката Брнз ја пренесе поддршката на САД во процесот на градење на силни и независни институции базирани на принципот на владеење на правото, заштитата на човековите права и борбата против корупцијата.