Македонија 03. февруари 2019. / 20:21

Србов: Власта додека краде нѐ тера да се занимаваме со името

Србов: Власта додека краде нѐ тера да се занимаваме со името

Аналитичарот Никола Србов смета дека власта нѐ тера да се занимаваме со промената на уставното име, додека кради, корумпира и прави рекет.

– Не тераат да се занимаваме со името додека тие крадат, корумпираат, рекетираат и осиромашуваат народ. Удрете ги таму каде што ги боли најмногу, удрете ги за криминалот и корупцијата, нив името не ги боли воопшто. – напиша Србов на Фејсбук.

Тој предупредува дека покрај овој хаос, треба да се обидеме да се фокусираме на криминалот и корупцијата, како и потенцира дека економијата потона на дното.

-Во целиов хаос кој се случува во нашето општество обидете се да се фокусирате на криминалот и корупцијата, тоа ќе ви даде одговор на сите прашања. Економијата потона на дното, земјата не личи ни дека е дел од европскиот континент а камо ли дека ќе биде дел од ЕУ, личиме на територија од третиот свет во која народот мизерува и добива ќотек и врзани раце доколку се спротистави на владетелот.
Криминалец се мава за она што му е накмило – за криминалот; државата, иднината, името, итн, ги боли патриотите а не криминалците. – напиша Србов на Фејсбук.