Турција повторно повлекува непромислени чекори, светот повторно ја гледа како “болниот на босфорот” и верува дека моќната слика за Турција е сепак пренапумпана, коментира аналитичарот Никола Србов на „Фејсбук“.
Според него власта во Турција не сфаќа дека светот никогаш нема да и дозволи да ги искористи сите потенцијали со што би станала еден од клучните светски играчи.
И во ваква ситуација на Турција и треба префинета политика а не манифестација на моќ. Токму таа манифестација може да ја запечати оваа прекрасна земја.
Едноставно, премногу клучна географска положба има Турција, напиша Србов.