Македонија 16. ноември 2019. / 14:30

Македонците од јануари ќе аплицираат за работна дозвола во Србија преку апликацијата „е-странец“

Македонците од јануари ќе аплицираат за работна дозвола во Србија преку апликацијата „е-странец“

Српскиот министер за труд, вработување и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ најави дека Србија ќе направи чекор понатаму и почнувајќи од 1 јануари, ќе ја воведе апликацијата „е-странец“, што ќе биде можност за електронско аплицирање во амбасадите на Србија за однапред добивање виза за престој, како и можност за паралелно аплицирање во Националните служби за вработување, со што забрзано ќе може да се добие дозвола за работа и пред пристигнувањето на работниците во Србија, .

– Секој граѓанин на Македонија или Албанија, границата ќе може да ја помине со лична карта или пасош и кога ќе влезе во Србија ќе може електронски да аплицира, тој или работодавчот, преку мобилен телефон или преку интернет, да аплицира за продолжување на рокот за престој од 90 дена, со што ќе може воедно да биде пријавен и во Централниот регистер. Со тоа за странскиот државјанин ќе важат истите правила и процедури како и за српските работници – изјави министерот Ѓорѓевиќ.

Според српскиот министер, Србија работи на предлогот на нацрт-договорот, што треба да се усогласи и да се верификува во српското собрание и кој подразбира дека исти услови ќе имаат и српските граѓани кои ќе бараат работа во Македонија и во Албанија.

– Ние вчера го завршивме драфт-договорт и разгорите со колегите од другите земји се во тек и ќе влеземе во процедура и очекувам сето ова да оди многу бргу. Србија сака да биде атрактивна, да нема лимит кога е во прашање работната сила – изјави Ѓорѓевиќ.