Македонија 31. октомври 2019. / 15:12

Спортистите го одложија штрајкот пред влада

Спортистите го одложија штрајкот пред влада

Играчите, тренерите, членовите на стручните штабови и на управите на второлигашките екипи во кошарка и ракомет решија да го пролонгираат најавениот протест пред Владата, закажан за в недела (3 ноември), откако добиле ветување дека нивниот проблем со недобивањето ваучери според Законот за ослободување од данокот за добивка ќе биде решен во следните 5-6 дена.

Оваа информација денеска ја споделија првите луѓе на РК Аеродром, кои заедно со управата на кошаркарскиот второлигаш Ангели беа иницијатори на протестот со кој сакаа да ги искажат своите маки во делот обезбедувања финансии за нормално функционирање на клубовите од пониските рангови.

Добивме уверување од сите субјекти инволвирани во распределба на ваучерите дека во наредните 5-6 дена ќе биде решен статусот со ваучерите. За да бидат максимално кооперативни, ракометните и кошаркарските клубови од втор ранг донесоа заедничка одлука мирниот протест да не се одржи в недела и да им се остави простор и време на инволвираните страни да ја завршат работата околу распределба на ваучерите. Доколку во предвидениот рок не се заврши целокупната постапка мирниот протест ќе го презакажеме за следниот викенд, се вели во соопштението од аеродромскиот ракометен второлигаш во име на организацискиот одбор за неделниот протест.