Македонија 18. април 2018. / 13:34

Според законот, премиерот Заев треба да сведочи во случајот „Монструм“

Според законот, премиерот Заев треба да сведочи во случајот „Монструм“

Според Законот за кривична постапка Премиерот Зоран Заев, кој на вчерашното рочиште беше прознав од таткото на едено од убиените деца кај Смилковско езеро, треба да сведочи пред судот во случајот „Монструм.“.

Членот 217 од Законот е јасен: Како сведоци се повикуваат лица за кои е веројатно дека ќе можат да дадат известување за кривичното дело и сторителот и за други важни околности. Оштетениот, оштетениот како тужител и приватниот тужител можат да се сослушаат како сведоци. 

Потребата за сведочење на Заев доаѓа по вчерашните тврдења на Горан Наќевски, татко на убиениот Александар, кој од судот побарајавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм, за кои му раскажувал Заев при една нивна средба, при што му кажал дека еден од броевите е на Невзат Бејта од ДУИ.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината. Исто така, Заев ни рече дека Опел Омегата, или возилото со кое се превезувале извршителите е на МВР. Заев не ни исполни многу ветувања, ни ветуваше дека ќе се дознае вистината, но тоа не се случи. Тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува – истакна Наќевски пред судот.

На ова, од СДСМ, во изјава за Лидер одговорија:

-На 30.12.2015 година Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги предаде на Специјалното јавно обвинителство. За случајот „Монструм“ надлежни се правосудните органи во Република Македонија. Очекуваме дека преку еден транспарентен процес ќе се затворат сите прашања.