Македонија 13. април 2019. / 21:22

Според СДСМ, митингот на опозицијата бил слабо посетен

Според СДСМ, митингот на опозицијата бил слабо посетен

Вечерашната слаба посетеност на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е уште една потврда дека граѓаните не скаат блокади, кочење и враќање назад, смета СДСМ.

Граѓаните се за напредок, сигурна и стабилна иднина во НАТО и ЕУ, за концептот на Стево Пендаровски, велат од партијата.

Затоа поддршката за Пендаровски секојдневно расте, а тоа го потврдуваат и сите релевантни анкети. На 21-ви април граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател, заклучи СДСМ.