Македонија 20. јануари 2020. / 14:22

Според хрватскиот премиер не е фер што Македонија е оставена во чекалница за ЕУ

Според хрватскиот премиер не е фер што Македонија е оставена во чекалница за ЕУ

Хрватска на самитот во Загреб во мај годинава ќе посвети особено внимание на деблокирање на почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претставувајќи ги приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, на состанокот на претседателите на комисиите за европски прашања на парламентите на земјите членки на ЕУ.

На Самитот во Загреб, Пленковиќ изјави дека особено внимание ќе биде посветено на деблокирање на ситуацијата во која се Северна Македонија и Албанија на Европскиот совет во октомври.

– Отвореноста на Европа, како во 90-тите години, никогаш повеќе нема да се повтори. Сега имаме внимателно дизајниран процес на проширување.  „Не е фер“ што Северна Македонија е „на чекање“ за отворање на пристапните преговори и по промената на името и уставот,  изјави Пленковиќ.