Македонија 08. септември 2018. / 20:34

Специјалците не дозволија #Бојкотирам да помине пред Влада

Специјалците не дозволија #Бојкотирам да помине пред Влада

Специјалната полиција за малку не предизвика посериозен инцидент при обидот да ги запре мирните демонстранти од движењето #Бојкотирам, објави порталот „Инфомакс“.

Протестот на движењето #Бојкотирам по повод 27.годишнината од Денот на независноста, беше уредно најавен, а специјалците за малку ќе предизвикаа инцидент при обидот да ги запрат мирните демонстранти да не поминат пред Владата.

Стотитина полицајци се обидоа да го блокираат слободното движење и демократското право на протест, обидувајќи се да ги спречат демонстрантите на #Бојкотирам да поминат пред владата на пат кон Собранието.

За среќа беше избегнат поголем инцидент.