Премиерот Оливер Спасовски во име на Владата соопшти дека на денешната седница донеле одлука да побараат од претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба. Уставна основа има, прашање е само на политичка волја и подготвеност да се преземе политичка одговорност, порача Спасовски на прес конференцијата.
Ова е вонредна ситуација затоа е потребна вонредна состојба,сега и ведаш, порача Спасовски.