Македонија 26. јануари 2020. / 14:12

Спасовски со барање Законот за одбрана да се гласа пред да биде распуштен Парламентот

Спасовски со барање Законот за одбрана да се гласа пред да биде распуштен Парламентот

Техниќкиот премиер, Оливер Спасовски, ја повика ВМРО-ДПМНЕ да покаже политичка коректност кон граѓаните и да гласа за Законот за одбрана пред распуштањето на Парламентот на 12 февруари.

– Законот за одбрана, кој е во собраниска процедура, покажува дека партиските интереси се во прв план пред се од ВМРО-ДПМНЕ. Досега не слушнав ниту еден аргумент зошто законот за одбрана не треба да биде донесен. Нема никакви амандмани освен името на Армијата. Очекувам дека разумот мора да надвладее. Интересот на граѓаните се гледа токму во вакви моменти кога се остварува вековен сон на оваа држава и на граѓаните на Република Северна Македонија да постои барем минимум политичка коректност и да се поддржи и законот за одбрана и да биде донесен пред распуштањето на Парламентот – изјави Спасовски.