Македонија 14. март 2020. / 12:09

Спасовски: Првата ноќ во Дебар и Центар Жупа мина мирно, кризната состојба ќе трае 30 дена

Спасовски: Првата ноќ во Дебар и Центар Жупа мина мирно, кризната состојба ќе трае 30 дена

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција во врска со актуелната состојба за справување со корона вирусот истакна дека првата ноќ откако во Дебар и во Центар Жупа е прогласена кризна состојба минала мирно. Кризната состојба ќе трае 30 денови, а според акциониот план, рестораните и кафулињата нема да работат. По посебен протокол, ќе работат објектите за храна и снабдувањето со храна, а дотурот на храна во овие општини ќе биде на посебен начин со помош на Црвениот крст.

Спасовски информира дека поштите, банките и другите институции ќе работат, но испрати апел до граѓаните на овие две општини да останат дома, што е можно повеќе.

 – Подготвени се сите активности да спроведеме ефикасни мерки и сите институции и нивните припадници се на терен, првата ноќ во Дебар и Центар Жупа мина мирно без инциденти и движење на населението, а така е и утрово, односно жителите се придржуваат кон мерките. Најважно е тоа и граѓаните на таков начин треба да го дадат својот придонес. Формиран е главниот оперативен штаб со цел да се спречи ширење на вирусот. Преземена е контрола и на мерките за да не се пренесува инфекцијата, заштита на граѓаните во услови на кризна состојба, зајакнување на мерки за обезбедување на државната граница од места кои доаѓаат од кризните подрачја, зголемување на нивото на безбедност.. За остварување на овие цели задолжени се повеќе институции , Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи… Од Дебар и Центар Жупа ќе може да се излезе само ако постои животно загрозувачка состојба, со потврда и со возило на Итната медицинска помош. Центар за управување со кризи е на терен и ќе обезбедува намирници и храна, како и други мерки за заштита и претпазливост во ширење на вирусот – изјави Спасовски.

Тој порача дека најважно е сите да ги почитуваме препораките на Владата и им се обрати на жителите на Дебар и Центар Жупа дека прогласувањето на вонредна состојба е најдобро решение во овој период.

Бидете уверени дека ова е најдоброто решение кое најбргу ќе даде резултати и ве замолувам да нема поголема паника. Има организиран и институционален систем ќе се обезбедат сите услови и сите мерки да се обезбедат во кризна состојба. Во Дебар и Центар Жупа ќе се обезбеди да функционираат бакни, прехрамбени објекти, бензински пумпи… Да се следат само официјалните информации. Не е време за евтини политички профити и сите тоа да си го оттргнат од својата агенда. Сите траба да го дадеме личниот придонес и да се придржуваме кон препораките. Да покажеме дека сме организирано општество и најодговорно да се однесува секој граѓанин да ја надминеме успешно и за кратко време. Со одлуката за кризна состојба објавено е дека таа трае 30 дена, а ако има проценки дека треба да се продолжи институциите ќе носат нови одлуки. Детали за тоа како треба да се движат граѓаните има протокол. Објектите за храна ќе работат но со препорака на Кризниот штаб – изјави Спасовски.