На новинарското прашање дали се обезбедуваат пратениците и конкретно градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој пријави закани по неговото семејство, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговори дека за сите оние за кои има сознанија, за кои има пријави, за кои има сериозни закани и имаат направено проценки дека треба да бидат обезбедувани, се обезбедени.
– Градоначалникот Митко Јанчев има пријава дека има закани. Нивото на неговото обезбедување е патролно. МВР стои на располагање за секој еден кој има закани да обезбеди соодветно обезбедување, рече Спасовски на заедничката прес-конференција со директорот на Оперативно техничката агенција Зоран Ангеловски.
Потсети дека и Христијан Мицкоски имал закани и му се дадени служби за обезбедување како претседател на опозиција.