Македонија 26. мај 2020. / 19:48

Спасовски: Од утре се укинува полицискиот час

Спасовски: Од утре се укинува полицискиот час

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, на прес-конференција.

Спасовски рече дека владата е во постојана комуникација со земјите во регионот и дека наскоро ќе може да се патува. Исто така е донесена одлука рестораните и кафулињата задутре да почнат со работа.

Спасовски предупреди дека ова не значи дека коронавирусот исчезнал и дека сме го победиле. Нагласи дека вирусот ќе биде присутен додека не се стекне имунитет или не биде пронајдена вакцина.