Македонија 26. февруари 2020. / 14:10

Спасовски: Очигледно ни е дека ќе имаме голема победничка коалиција

Спасовски: Очигледно ни е дека ќе имаме голема победничка коалиција

Техничкиот премиер и еден од потпретседателите на СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека интезивното договарање за предизборна коалиција очекува да биде со повеќе партии.

Разговараме со партии со ткн. албански предзнак, но и на Србите, Роми, Власи и Бошњаци. Ќе објавиме коалиција кога ќе ги имаме сите детали. Очигледно е дека ќе има голема победничка коалиција. За нас е важно СДСМ која има јасен концепт и визија за евроинтергација, економски развој и подобрување на животен стандард, да создаде коалција која верува во овие принципи, нагласи Спасовски, кој присуствуваше на пуштањето во употреба на новата шестоседна жичница на ски центарот Попова Шапка.

Спасовски повтори дека СДСМ има огромен коалициски потенцијал, а веќе се работи и на внатрепартиските одлуки.

Може да разговара за идна коалиција со скоро сите политички партии и очекувам деновиве да се завршат сите тие постапки и внатре во партијата и заедно со потенцијалните коалициски партнери и ќе може да ја затвориме таа политичка приказна – рече Спасовски.