Со случајот на Фросина Ременски се покажува дека истрагите се неселективни и дека СДСМ како власт се решени да се борат со корупцијата и криминал дури и со луѓето во нивните редови, вака денеска во интервју за Радио Слободна Европа се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
–Некогаш беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за кој било член на владата, директор, пратеник и така натаму. Сега, полека, но сигурно се гради тој систем во инстиуциите, па почнуваме да разговараме не само за одговорност на поранешните функционери, туку и за одговорност на оние коишто денеска се дел од институциите. Партијата ќе разговара во однос на прашањето и во однос на Фросина Ременски. Јас сакам да се почитува пресумпцијатата на невиност, меѓутоа ние мораме на основа на тоа да носиме и соодветни одлуки во рамките на партијата. Така да очекувам дека таа дебата ќе се отвори во партијата, вели високиот функционер на СДСМ и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.