Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната граѓанска трибина во Чаир порача дека СДСМ и коалицијата „Можеме” ја имаат поддршката од сите етнички заедници во земјава, се наведува во соопштението на СДСМ.
Ви благодарам за топлиот прием и поддршката и за уште една силна победа што ни претстои. Пркосевте на режимот, го поддржавте концептот Едно општество за сите. Втората изборна единица е Македонија во мало, тука сме заедно сите и сега ќе покажеме дека сме заедно, да го докрајчиме режимот и да продолжиме по европскиот пат и по вистинскиот пат. Поминавме три години во коишто требаше да се носат важни и тешки одлуки, за тоа го имавме Зоран Заев кој беше храбар и имаше визија и затоа денес сме членка на НАТО и на патот кон ЕУ. За нови 4 години и чист мандат можеме и повеќе и подобро затоа што мислиме за сите во оваа држава, порача Спасовски.