Македонија 15. април 2020. / 13:01

Спасовски: Нема да ги затвориме црквите, но граѓаните да го прослават Велигден дома

Спасовски: Нема да ги затвориме црквите, но граѓаните да го прослават Велигден дома

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе донесат одлука за затворање на црквите за Велигден, изрази апел да се почитуваат мерките, да нема групирања и да се задржи социјална дистанца и за време на Велигденските празници.

Упатив порака пред неколку дена велигденските празници да ги прославиме дома во кругот на нашите семејства и традиција. Немаме одлука за затворање на верски објекти или за непрактикување на верата затоа што такви одлуки не може да се донесат. Дури во ниту една состојба да се наоѓа државата, тоа е право кое е неприкосновено. Апелирам до граѓаните за време на велигденските празници да останеме во кругот на семејствата бидејќи така најмногу ќе придонесеме за спречување на ширењето на болеста – порачаСпасовски.